МАКЕДОНСКО ТАЕКВОНДО & АЛКАЛОИД 🤝
Денес на мое лично задоволство, на задоволство на Македонското таеквондо и генерално на Македонскиот спорт. Претседателот на Македонската Таеквондо Федерација д-р Борче Костовски и првиот човек на Алкалоид Скопје г-дин Живко Мукаетов потпишаа договор за спонзосрство и блиска соработка особено за патот кон олимписките игри во Париз 2024.
Голема благодарност до првиот човек на можеби најуспешната компанија Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов кој успеа да ја забележи оваа посебна спортска приказна, која како што самиот истакна е ретка Македонска гордост која треба да се негува.
Не чека тежок пат, имаме работа со најмокните спортски нации во светот, рецептот го знаеме, со Божја помош и многу жртва спремни сме повторно да ја израдуваме Македонската нација. Дејан Георгиевски напред, по него уште неколку олимписки надежи !
Олимпискиот сон го живееме реално, ќе се потрудиме тоа да потрае 😇
За МАКЕДОНИЈА ! ❤️, напиша на Фејсбук, Дарко Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.