Во директниот дуел на двајца од најдобрите центри во НБА, Карл-Ентони Таунс и Никола Јокиќ имаа релчативно изедначена статистичка пресметка, но Минесота дојде до триумф против Денвер со 130:11. Таунс го заврши натпреварот со 24 поени, 10 скокови и седум асистенции, додека на спротивната страна, Јокиќ постигна 21 поен, 16 скокови и осум асистенции.
Сепак, центарот на Минесота имаше поголема поддршка од своите соиграчи. Резервите на Минесота во првите три четвртини постигнаа 48 поени, додека играчите од клупата на Денвер само 17. Меѓу резервистите на Минесота особено се истакна Тореан Принс со 23 поени, додека Малик Бизли и Наз Рид постигнаа по 12, додека Џејлен Новел реализира 10 поени.
За разлика од нив, по Јокиќ, кај Денвер најефикасни беа стартерите Вил Бартон и Монте Морис со по 13 поени.
Резултати на останатите натпревари
Детроит – Њу Орлеанс 101:111
Милвоки – Вашингтон 112:98
Торонто – Мајами 110:106
Чикаго – Орландо 126:115
Сан Антонио – Голден Стејт 120:124
Феникс – Бруклин 121:111
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.