Легендарниот центар Шекил О’Нил смета дека има преголема разлика меѓу платите на играчите во машката (НБА) и женската (ВНБА).

Во НБА лигата, некои момци кои не вредат толку добиваат 40 милиони без причина. Во женската лига платата на девојките е 700 илјади. Тоа не е во ред. Треба да се направи нешто околу тоа – изјави О’Нил за „Essentially Sports“.

Според Универзитетот Аделфи, постои голема разлика помеѓу просечните плати на играчите во НБА и ВНБА. Тие проценуваат дека машките кошаркарски ѕвезди заработуваат приближно 8,3 милиони долари, додека девојките заработуваат 75.181 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.