Тајрис Макси постигна 33 поени, вклучивајќи го и положувањето на 26,4 секунди до крајот на продолжението со кое Филаделфија дојде до клучната предност за победа против Мемфис со 122:119.

На оваа средба, заради одмор не настапи најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид, а во негово отсуство Тобијас Херис постигна 31 поен, додека Андре Драмонд мечот го заврши со 16 поени и 23 скокови.

За Филаделфија ова беше петта победа по ред и 15. триумф во последните 18 натпревари.

Џа Морант, кој сезонава ќе дебитира како стартер на Алстар натпреварот, постигна 37 поени, додека Дезмонф Бејн реализира, рекордни во кариерата, 34 поени.

Резултати на останатите натпревари:

Кливленд – Њу Орлеанс  93:90

Индијана – ЛА Клиперс  122:116

Бостон – Мајами  122:92

Њујорк – Сакраменто  116:96

Атланта – Торонто  100:106

Хјустон – Голден Стејт  108:122

Оклахома – Портланд  98:81



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.