Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О’Нил, смета дека земјата е рамна.

При гостување во една емисија, тој даде објаснување зошто размислува така. Притоа, тој истакна дека тоа е само теорија, која не е докажана.

Ова се неговите причини:

Денес летав со авион дваесетина часа, не се свртев, ниту паднав, ништо. Како знаеме дека Земјата навистина ротира? Јас живеам на езеро триесет години и никогаш не сум видел езерото да се движи лево или десно – изјави Шекил.

Кога водителите Кајл Сандиленд и Џеки Хендерсон му посочија дека од САД до Австралија може да стигне и од брегот, Шекил одговори:

И тоа е рамна насока исто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.