Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Словачка со 79:75 во 2. коло од претквалификациите за Евробаскет 2025.

Во најголем дел од натпреварот одигран вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје, гостите беа во водство, но „црвено-жолтите“ беа упорни и на три минути до крајот семафорот покажуваше 69:69. Следуваше серија од 7:0 за конечна победа на македонската селекција.

Најефикасни во победничкиот тим беа Ненад Димитријевиќ со 20, Андреј Јакимовски и Војдан Стојановски додадоа по 15.

На вториот натпревар од Д-групата во претквалификациите Норвешка ја победи Данска со 99:75.

По две кола, Македонците како и Норвежаните имаат по две победи, Словаците и Данците се без триумф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.