Голден Стејт на своите социјални мрежи објавија неверојатно видео на кое може да се види Стеф Кари како стои во аголот на теренот и шутира кон кошот цели пет минути без да промаши.

Видеото многу брзо стана вирално, а навивачите избројаа дека НБА ѕвездата погодува 103 тројки без промашување.

Според бројот на погодени тројки, Кари е најдобриот шутер во НБА на сите времиња. Тој има погодено 3.390 тројки од 7.929 обиди, а зад него е Реј Ален со 2.973 постигнати тројки од 7.429 обиди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.