Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер, зборуваше за разликите и сличностите меѓу американските тимови од 2019 и 2023 година. Во 2019 година, Американците завршија на 7. место на Светското првенство, Кер тогаш беше помошник на селекторот Грег Попович.

 

– Се справивме со повреди, повредата на Џејсон Тејтум многу не хендикепира на тој турнир. Сегашниот тим е нешто сличен на тој тим. Во 2019 година имавме и млад ростер. Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, тогаш почнуваа да се издигаат. Во исто време, имаше неколку ветерани: Харисон Барнс и Брук Лопез … Мејсон Пламли. Актуелниот ростер е повеќе фокусиран на комбинирана кошарка, додека пред четири години имавме повеќе момци кои можеа да освојуваат поени преку индивидуални акции. Но, она што е навистина уникатно за тимот на САД е тоа што секој пат имаме нов тим. Многу ѕвезди не играат, така што ние не сме единствениот тим што имал промена во составот. Да се тренира таков тим е предизвик, рече Кер.

 

На Светското првенство 2023 кое почна денес, САД се во групата-Ц заедно со Грција, Јордан и Нов Зеланд



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.