Репрезентацијата на Летонија ја совлада селекцијата на Франција со 88:86, со што обезбеди пласман во втората рунда на Светското првенство во 2023 година.

Франција, која пред почетокот на турнирот важеше за еден од фаворитите за медал, доживеа втор пораз во два меча и ја загуби шансата да ја продолжи борбата за титулата. На првиот натпреварувачки ден Французите убедливо беа поразени од Канада со 95:65.

Резултати на третиот ден од Мундобаскет 2023:

Италија – Доминиканска Република 82:87

Австралија – Германија 82:85

Црна Гора – Египет 89:74

Либан – Канада 73:128

Филипiни – Ангола 70:80

Јапонија – Финска 98:88

Литванија – Мексико 96:66

Франција – Летонија 86:88



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.