Легендарниот кошаркар на славната генерација на Чикаго Булс, Скоти Пипен уште еднаш го прозва својот поранешен соиграч и најдобар кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан.

Пипен, кој долго време не е во добри односи со Џордан, во подкаст изјави дека Мајкл бил ужасен играч пред да пристигне во Булс.

„Го гледав Џордан како игра пред да дојдам во Булс. Сите го гледавте како игра. Беше ужасен играчБеше страшно да се игра со него. Тој постојано играше еден на еден, изведуваше лоши шутеви. Потоа станавме тим и почнавме да победуваме. Пред тоа тој не беше на врвот во својата категорија”.

Во еден момент и самиот Џордан призна дека Булси станале доминантни кога Пипен се приклучил на тимот.

„Немаше да има Мајкл Џордан без Скоти Пипен“, рече некогаш најголемиот на сите времиња.

Многумина пукаа кон Пипен поради изјавата „страшен играч“, па славниот ас реши дополнително да ги испровоцира со објава на Инстаграм.

Фотографијата од детството ја сподели со интересен коментар.

„Од скромни почетоци до шест шампионски титули, два златни медали, Куќата на славните ги води Булси до најмногу победи во плејофот. На здравје до неопеаните херои“, напиша Пипен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.