Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, повотрено беше најдобар во редовите на Денвер нагетс, практично сам носејќи го тимот со нов трипл-дабл, но тоа не беше доволно да избегне пораз од Јута џез со 125:102.

Јокиќ на паркетото мина речиси 37 минути при што постигна 25 поени (10/18 од игра), 15 скокови и 14 асистенции. Тоа за српскиот центар беше деветти пат сезонава да има двоцифрен учлинок во три статистички категории, со што се изедначи на првото место во лигата со расел Вестбрук. Вкупно, ова е 66. трипл-дабл за Јокиќ, со што го надмина Џејмс Харден и се проби на седмото место на вечбата листа.

Освен него, во редовите на Денвер се истакна и Ерон Гордон со 20 поени, додека Вил бартон реализира 16.

Во победничката екипа најефикасен беше Донован Мичел со 31 поен, Бојан Богдановиќ додаде 21, додека Руди Гобер го заврши мечот со 18 поени и 19 скокови.

Резултати на останатите натпревари:

Детроит – Феникс  108:135

Сакраменто – Хјустон  112:118

Минесота – Голден Стејт  119:99



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.