Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс на натпреварот со Индијана пејсерс реализира 30 поени, 12 скокови и пет асистенции, со што надмина 10.000 скокови во кариерата, успех што го имаат постигнато само 42 кошаркари во историјата на НБА лигата. Единствените активни играчи кои претходно имаат вакво постигнување се соиграчите на Леброн, Двајт Хауард и ДеАндре Џордан.

Во исто време, Џејмс стана првиот играч во историјата на лигата, кој успеал да постигне 30.000 поени, 10.000 скока и 9.000 асистенции во кариерата.

Таквиот ефект на Леброн, сепак, не беше доволен за неговиот тим кој загуби со 111:104, што за „златно-виолетовите“ е четврти пораз во последните пет натпревари.

Домантас Сабонис реализира 20 поени, 12 скокови и 10 асистенции, што е негов 17. трипл-дабл за Индијана во кариерата, додека Карис ЛеВерт постигна 30 поени од кои рекордни за тимот, 22 поени во последната четвртина. Со овој триумф Индијана ја шрекина серијата од четири порази, но дојде само до втората победа во последните 12 натпревари.

Резултати на останатите натпревари:

Филаделфија – Орландо  123:110

Вашингтон – Бруклин  118:119

Атланта – Минесота  134:122

Бостон – Шарлот  102:111

Мајами – Портланд  104:92

Чикаго – Кливленд  117:104

Милвоки – Мемфис  126:114

Далас – Торонто  102:98

Сан Антонио – Оклахома  118:96

Јута – Хјустон  111:116

Денвер – ЛА клиперс  130:128 (прод.)

Сакраменто – Детроит  131:133

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.