Најдобриот кошаркар на Голден стејт, Стеф Кари, постигна девет поени, но Голден Стејт, сепак го совлада Мајами со 115:108.
Со ваквиот поентерски ефект, Кари не успеа да дојде до 100-от натпревар во низа на кој постигнал двоцфрен број поени. Кари имаше катастрофална реализација 3 од 17 од поле и 1 од 10 за три поени. Поентерската серија на Кари вклучуваше натпревари од регуларна сезона, плеј-оф и плеј-ин турнирот.
Во „отсуство“ на Кари, Џордан Пул беше најефикасен во редовите на Голден Стејт со 32 поени, додека Ендрју Вигинс постигна 22 поени.
Голден стејт има најдобар скор во НБА лигата со 28 победи и седум порази.
Петмина кошаркари кај Мајами имаа двоцифрен број поени, а најефикасни беа Џими Батлер со 22 и Тајлер Хироу со 18 поени.
Резултати од останатите натпревари:
Филаделфија – Хјустон 133:113
Вашингтон – Шарлот 124:121
Бруклин – Мемфис 104:118
Чикаго – Орландо 102:98
Милвоки – Детроит 106:115
Њу Орлеанс – Јута 104:115
Далас – Денвер 103:89
Портланд – Атланта 136:131
ЛА Клиперс – Минесота 104:122
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.