Леброн Џејмс во последната четвртина постигна 14 од вкупно 31 поен со што ги предводеше ЛА Лејкерс до победа против Сакраменто со 122:114. Ова за Леброн е деветти натпревар во низа на кој постигнува барем по 25 поени. Најдобриот кошаркара на „златно-жолтите“ додаде пет асистенции и пет скокови.

Малик Монк натпреварот го заврши со 24, додека Расел Вестбрук и Тејлен Хортон-Такер постигнаа по 19 поени за Лејкерси, кои сега имаат улинок од 20 победи и 19 порази.

ДеАрон Фокс беше најдобар кај Сакраменто со 30 поени и шест асистенции, додека Бади Хилд реализира 26 поени. „Кралевите“ се на 10 место во Западната конференција со скор од 16 победи и 23 порази.

Резултати на останатите натпревари:

Кливленд – Мемфис  106:110

Торонто – Сан Антонио  129:104

Њујорк – Индијана  104:94

Њу Орлеанс – Феникс  110:123



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.