Леброн Џејмс изјави дека навивачите на Бостон се расисти, одговарајќи на прашањето во која НБА арена е најтешко да се игра поради притисокот од трибините.

Во новата епизода од своето ток-шоу „The Shop“, Леброн го издвои Бостон како место каде што навивачите доаѓаат на натпреварот со намера на секаков начин да го попречат противникот да победат. На прашањето зошто го мрази Бостон, Леброн без двоумење одговори: „Затоа што се еб**и расисти, затоа“.

Тој објасни дека навредите од трибините не му пречат, но ги слуша и додаде дека не е невообичаено тамошните навивачи да го таргетираат него лично.

Ги слушам овие навреди, а ако слушнам некого во близина, набрзина го гледам и продолжувам со играта. И онака ќе кажат што сакаат. Можат и да фрлат нешто по тебе, еднаш ми фрлија пиво додека заминував од теренот.

 

Имаат и маици на кои пишува „е*и го ЛБЈ“, верувам дека се распродадени во клупската продавница – изјави четирикратниот шампион во НБА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.