Предводена од Крис Пол, најдобрата екипа во досегашниот тек од сезоната во НБА лигата Феникс ја продолжи победничката серија на девет победи во низа, совладувајќи ја Минесота пред своите гледачи со 134-124.
Триесет и пест годиниот Пол, со 21 поен, 14 асистенции и 10 скокови дојде до својот втор трипл-дабл сезонава од вкупно 18 во кариерата, а одлични партии пружија и Девин Букер со 29 поени и девет асистенции и Камерон Џонсон кој мечот го заврши со 23 поени.
Феникс го подобри најдобриот старт во клупската историја со 39 победи и девет порази.
Кај Минесота, Ентони Едвардс имаше 27 поени и 10 скокови, Малик Бизли постигна 26, А Карл-Ентони Таунс 23 поени.
Резултати на останатите натпревари:
Орландо – Детроит 119:103
Атланта – Бостон 108:92
Шарлот – ЛА Лејкерс 117:114
Хјустон – Портланд 110:125
Мемфис – Јута 119:109
Мајами – ЛА Клиперс 121:114
Њу Орлеанс – Денвер 105:116
Оклахома – Индијана 110:113 (прод.)
Сан Антонио – Чикаго 131:122
Милвоки – Њујорк 123:108
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.