Најголемата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо порасна за 5 сантиметри и додаде 14,5 килограми мускулна маса за девет години во НБА-лигата.

Според официјалните податоци, во дебито на Гркот во сезона 2013/14, неговата висина била 6 стапки 9 инчи (околу 205 см), тежина – 210 фунти (95 кг). Оваа сезона Антетокунбо е висок 210 сантиметри и тежок речиси 110 килограми.

Дваесет и седумгодишниот Јанис е двократен МВП во НБА. Минатата сезона го предводеше Милвоки до шампионскиот трофеј и беше прогласен за МВП во финалето против Феникс. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.