Младинскиот кошаркарски репрезентативец, Тома Стојаноски, преку ноќ стана хит на социјалните мрежи, откако на доделувањето на медалите по завчерашното финале на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Скопје ја покри додавката „Северна“ за да се фотографира само со името Македонија на дресот.

Со овој потег, кошаркарот на Гостивар покажа што мисли за промената на името на државата, со што стана херој на сите истомисленици, кои не можат да ја прифатат додавката наметната со Преспанскиот договор. Македонија во минатото играше само со знаме на предната страна на дресот, со цел да се избегне ставањето на непосакуваните наметнати имиња, како претходниот акроним ФИРОМ, но во последните две години играме со дресови на кои е напишано Македонија на англиски јазик.

 

Стојаноски е 19-годишен крилен центар, кој неодамна го обнови договорот со гостиварци, за кои ќе игра во следната сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.