Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, постигна личен рекорд од 60 поени со што го предводеше својот тим до победа против Орландо со 150:108.
По натпреварот Ирвинг ги сподели своите впечатоци од натпреварот.
Тоа покажува дека сме на пат кон историјата. Всушност, тоа се случи благодарение на тимот, јас само бев во ритам. Ова е вистинската убавина на кошарката, одигравме ефективно на двете страни на теренот и победивме. Имав неколку шута што веројатно не требаше да ги земам, шутирав од тешки позиции, за два и за три поени. Но, бидејќи го направив тоа со насмевка на лицето и моите соиграчи не ми се лутат премногу, вредеше – изјави Ирвинг.
По триумфот, Бруклин со биланс од 36 победи и 33 порази во моментов е на осмото место на табелата во Источната конференција.
Резултати од синоќешните натпревари:
Орландо – Бруклин 108:150
Индијана – Мемфис 102:135
Мајами – Детроит 105:98
Њу Орлеанс – Феникс 115:131
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.