Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг ги сподели своите впечатоци од натпреварот против Орландо,  на кој постави личен рекорд од 60 поени.

– Тоа покажува дека сме на пат кон историјата. Всушност, тоа се случи благодарение на тимот, јас само бев во тек. Ова е вистинската убавина на кошарката, одигравме ефективно на двете страни на теренот и победивме. Имав неколку шута што веројатно не требаше да ги изведам. Фрлав од тешки позиции, за два и за три поени. Но, бидејќи го направив тоа со насмевка на лицето и моите соиграчи не ми се лутат премногу, вредеше, изјави Ирвинг.

Бруклин победи со 150:108 и сега има биланс од 36 победи и 33 порази за во моментов 8. место на табелата во Источната конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.