Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, по поразот на неговиот тим од Минесота со 124:104 зборуваше за бројните неуспеси на тимот.

Трпението е важен фактор за мене секоја сезона. Сегашната не е исклучок. Годинава трпението ми се става на тест пожестоко отколку во последните неколку години, бидејќи имаме многу проблеми со играта и многу порази. Сето тоа е таков тест за вашето трпение, способност да останете фокусирани на она што се случува на теренот, да најдете начини да ја подобрите сопствената игра, способноста да го задржите вистинскиот став и да не подлегнувате на поразителни расположенија… Никогаш не би си дозволил да паднам во таква состојба, дури и кога губам натпревар – изјави Џејмс.

За првпат од неговата дебитантска сезона во НБА, тимот за којшто настапува Леброн се наоѓа во позиција да има 11 порази повеќе во споредба со победени натпревари.

Леброн беше најефикасен кај Лејекрси со 19 поени, но тоа не беше доволно против Минесота каде што Карл-Ентони Таунс постигна 30, а Ентони Едвардс мечот го заврши со 27 поени.

Резултати од останатите натпревари:

Шарлот – Атланта  116:106

Кливленд – Филаделфија  114:118

Вашингтон – Денвер  109:127

Бруклин – Далас  111:113

Њујорк – Портланд  128:98

Хјустон – Феникс  112:129

Сан Антонио – Оклахома  122:120

Јута – Чикаго  125:110

Голден Стејт  – Бостон  88:110

Сакраменто – Милвоки  126:135

ЛА Клиперс – Торонто  100:103



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.