Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, имаше инцидент со сопстеникот на Феникс санс, Мет Ишбија, за време на четвртиот натпревар од полуфиналната плејоф серија во Западната конференција на НБА лигата.

Во финишот на првото полувреме Јокиќ го блокираше Деандре Ајтон, по што топката заврши во делот на трибината каде што седеше Ишбија, заедно со кошаркарот на Феникс, Џош Окоги, кој се фрли во обид да спаси аут.

Во тие моменти, Јокиќ се втурна кон Ишбија и се обиде да му ја грабне топката, по што настана мало кошкање. Сопственикот на Феникс реагираше, по што Јокиќ со подлактицата го „залепи“ за столчето.

Страстите брзо се смирија, а судиите откако го разгледаа видеоснимката, досудија техничка грешка за српскиот кошаркар.

Сепак, иако Јокиќ го доигра натпреварот, според правилата на лигата, му се зканува суспензија за петтиот натпревар, поради влегување меѓу публиката.

Доколку некој играч намерно влезе во навивачите и причината за тоа не е продолжување на играта (борба за топка, на пример), мора да биде исфрлен од игра“, се вели во точката 4 од правилникот според кој Јокиќ би можело да биде казнет.

Случениот инцидент, сепак не му пречеше на Јокиќ да пружи феноменална партија. Тој оствари учинок од 53 поени (личен рекорд), 11 асистенции и четири скокови. Тоа е првпат во историјата на НБА некој кошаркар во плејоф натпревар да има над 50 поени и 10 асистенции.

Таквиот ефект на Јокиќ, сепак, не беше доволен за Денвер, кој загуби со 129:124. Во редовите на Феникс, Девин Букер и Кевин Дурант постигнаа по 36 поени. Букер додаде 12 асистенции и шест скокови, додека Дурант зад своето име запиша 11 скокови и шест асистенции.

Плејоф серијата е изедначена 2:2, а петтиот натпревар ќе се игра во Денвер, ноќта од вторник кон среда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.