Кошаркарите на Далас маверикс ја совладаа Оклахома со 117:116 во шестиот натпревар од плејоф полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата и со 4:2 во победи се пласираа во конференциското финале.

Најдобар играч во победничкиот тим беше Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл: 29 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Гостите од Оклахома во повеќе наврати имаа двоцифрена предност, два пати во третата четвртина имаа и +17, но и тоа не беше доволно да се изборат за мајсторка.

Во финалето на Западната конференција Далас ќе игра со победникот од двојката Денвер – Минесота (3:3).

Вечер од 21:30 часот по македонско време, Њујорк ја пречекува Индијана во одлучувачкиот седми натпревар од четвртфиналната пресметка во Источната конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.