Српскиот кошаркарски шампион, Црвена звезда, соопшти дека нејзините играчи со одбивањето на натпреварот против Жалгирис во Каунас да истакнат транспарент во боите на украинското знаме ја следеле политиката на официјален Белград.
Пред натпреварот во Каунас, кошаркарите на Црвена звезда одбија заедно со судиите и домашниот тим да го истакнат сино-жолтиот транспарент на кој беше испишана порака „Стоп на војната“ и со тоа предизвикаа бројни реакции.
Во својата реакција, Црвена звезда истакна дека навремено ја известиле Евролигата за својата намера да не дозволат да бидат вовлечени во политизација околу воениот конфликт во Украина.
КК Црвена звезда како спортски клуб и претставник на Србија, кој зазеде јасна позиција по повод судирите во Украина и ги следи официјалните ставови на нашата држава, во официјалната комуникација со Евролигата и раководството на Жалгирис, неколку денови пред натпреварот во Литванија, јасно стави до знаење дека нема да дозволи политизација и да носи банер во боите на знаме на која било држава, бидејќи со тоа би биле учесници во манипулација и политизација на една од најхуманите и универзални пароли „Стоп на војната“ – соопшти белградскиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.