Гостувајќи  во една холандска емисија, Ибрахимовиќ се јави во живо преку видео линк до емисијата и се вклучи во акцијата за поддршка на неговиот голем пријател од времето на Ајакс – Тијс Слегерс.

Станува збор за холандски новинар и портпарол на ПСВ, кој долго време се лекува од рак на крвта. За жал, Слегерс пред неколку дена објави дека неговата болест е неизлечива

Дали се сеќавам? Секогаш ќе го паметам тоа. Тој беше мојот единствен пријател во Холандија, кога бев изгубен, кога бев млад, збунет и мислев дека немам никој таму. Се појави тој новинар кој самиот ме контактираше и морам да кажам дека тогаш новинарите не ми беа пријатели. Но, тој реши самиот да контактира, го оствари првиот контакт, се сретнавме на ручек и оттогаш станавме многу добри пријатели. Заедно игравме тенис, се дружевме, ми помогна многу, ми даде увид како функционираат работите во Холандија. Тој ми помогна многу во тој прв чекор во мојата кариера. За Тис пишував и во мојата книга, секогаш му останав благодарен за се, сè уште сме во контакт и можам да кажам дека тој секогаш беше во моето срцеТес, единственото нешто што сакам да го кажам сега е дека те сакам пријателе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.