Поранешниот шведски фудбалски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера настапуваше во врвни европски екипи, а играше и во САД. Тој селектира тим од бившите свои соиграчи.

Во тимот на Златан се најдоа:
голман: Буфон
одбрана: Турам, Тиаго Силва, Неста, Максвел
среден ред: Виеира, Чави, Недвед
напад: Меси, Роналдињо, Ибрахимовиќ.

Резерви: Жулио Цезар, Канаваро, Гатузо, Сидорф, Иниеста.

 

Од поголемите фудбалски имиња соиграчи на Ибрахимовиќ низ годините беа и: Алесандро дел Пјеро (Јувентус), Луис Фиго, Хавиер Занети, Марко Матераци, Маикон, Дејан Станковиќ, Ернан Креспо (Интер), Дани Алвеш, Жерар Пике, Карлес Пујол, Тиери Анри, Серхио Бускетс, Јаја Туре (Барселона), Филипо Инзаги (Милан), Марко Верати, Дејвид Бекам, Маркињос, Единсон Кавани, Анхел Ди Марија (ПСЖ), Давид де Хеа, Пол Погба, Вејн Руни, Бастијан Швајнштајгер (Манчестер јунајтед).

 

Четириесет и едногодишниот Ибрахимовиќ најави пензионирање по натпреварот од 38. коло на италијанскиот шампионат против Верона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.