Загина сопственикот на Милвол, Џон Берилсон (70), потврди фудбалскиот клуб.

Засега не се познати деталите за несреќата, а клубот излезе со соопштение.

– Со големо неверување и тага ја информираме јавноста дека почина Џон Берилсон, сопственикот на клубот. Сите во клубот се со неговата сопруга Ејми и неговите три деца, како и со остатокот од неговото семејство. Ненадејната смрт на Џон ќе остави влијание врз сите оние кои имале среќа да го запознаат. Тој беше голем човек, неверојатно посветен на своето семејство и личност со голема дарежливост, топлина и добрина. Имаше исполнет живот, полн со бои и радост – се наведува во соопштението за медиумите на Милвол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.