За утрешниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија се предвидени посебни мерки на безбедност и режим на движење на потесниот и поширокиот периметар околу Арената „Тодор Проески” каде се очекува поголемо присуство на публика, со цел одржување на стабилна безбедносна состојба, јавен ред и мир, како и гарантирање на безбедноста на учесниците во натпреварот.
Најавено е дека ќе допатуваат околу 100 бугарски навивачи кои ќе го бодрат источниот сосед и сите ќе бидат спроведени на градскиот стадион со посебен протокол.
И од МВР потврдуваат дека за утрешниот натпревар ќе има засилено обезбедување, а доколку се иницира насилство пред, дури трае натпреварот или по негово завршување предупредуваат дека ќе има соодветни санкции.
На натпреварот очекувањата на ФФМ се дека ќе бидат присутни околу 20.000 навивачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.