Благоја Милевски се надева дека натпреварот меѓу Македонија и Бугарија ќе биде тема на разговор само поради фудбалски случувња, бидејќи политичките страни воопшто не го засегаа и тие работи ги остава на луѓето кои се задолжени да водат надворешна политика.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација нагласи дека Бугарите се однесувале многу коректно како домаќини на првиот меч во Разград, па поради тоа, јавно побара од македонската публика да се однесува фер и да изгледа достоинствено.

Јас сум фудбалски работник, да им ја оставиме политиката на политичарите. Сите знаете дека јас по првиот меч им се заблагодарив на Бугарите за приемот кој го добивме. Сега останува ние да им вратиме со исте мера.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.