УЕФА ја казнила фудбалската федерација на Литванија поради навредливи скандирања на литванските навивачите наменети за рускиот претседател, Владимир Путин.

Скандирањето се слушна за време на квалификацискиот натпревар на литванската репрезентација против Србија (1:3) за пласман на ЕП 2024 година.

Казната изнесува 10 илјади евра.

Според претседателот на Литванската фудбалска федерација, Едгарас Станкевичиус, ова скандирање се слушало и на претходниот натпревар на литванската репрезентација, но тогаш делегатот од Шпанија овој момент не го запишал во извештајот.

На натпреварот Литванија – Србија како делегат работеше, Куаниш Канапјанов, од Казахстан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.