УЕФА реши да ги одложи сите натпревари во Израел поради воената состојба во државата, а наскоро се очекува потврда за тоа кога ќе бидат одиграни истите. УЕФА соопшти кои дуели нема да се одиграат затоа што е загрозена безбедноста во Израел по нападот на Палестинците.

Израел нема да се соочи со Швајцарија на 12 октомври во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а исто така е одложена средбата и меѓу Израел и Естонија, како и Израел и Германија во ЕП до 21 година.

Нема да се игра ниту мини турнирот на ЕП до 17 години од 11 до 17 октомври на кој требаше да настапат Израел, Белгија, Гибралтар и Велс. УЕФА во следните денови треба да донесе одлука дали мечот меѓу Косово и Израел ќе се одигра на 15 октомври или ќе биде одложен. Од Европската куќа на фудбалот соопштија дека ги следат случувањата во Израел и навремено ќе донесат одлуки за новите датуми на натпреварите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.