Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, е незадоволен од односот кон него од страна на претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис. Како што пишува „Кориере дела Сера, на Спалети не му се допаднало тоа што Де Лаурентис го известил за едногодишно продолжување на договорот преку заверена е-пошта.

Според весникот, Спалети сакал лично да се сретне со шефот на клубот, при што би се разговарало за идните планови на клубот.

Од весникот забележуваат дека прашањето околу незадоволството не е поврзано само со економската страна (Спалети добива помалку од другите тренери на водечките италијански клубови), туку и со правилата за „пристојност“.

Во случај да дојде до сериозен раскол меѓу тренерот и претседателот, што би довело и до заминување на Спалети, Де Лаурентис би можел да се обиде да ангажира некој од Антонио Конте (екс тренер на Интер и Тотенхем), Винченцо Италијано (Фиорентина) или Роберто Де Зерби (Брајтон).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.