На Македонската берза помина блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица, во сопственост на поранешниот капитен на фудбалската репрезентација, Горан Пандев, објави „Фактор.мк“.

Податоците од Берзата велат дека се продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, околу  603.000 илјади евра.

Доколку се погледнат податоците на Берзата за овој фудбалски клуб, Академија Пандев има вкупно издание 2.500 акции, што значи дека преку берзанската блок трансакција е продаден најголемиот дел од акциите, односно 2.250, а останати се само 250 акции.

Изразено во проценти, продадени се 90 отсто од ФК Академија Пандев за сума од 603.000 илјади евра.

Нема официјална информација за тоа кој го купи доминантниот и мнозински дел од акциите на прволигашкиот фудбалски клуб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.