Поранешниот холандски репрезентативц и фудбалер, меѓу другите, на Ајакс, Арсенал и Барселона, пред неколку месеци доживеа мозочен удар кој му остави значителни физички последици. Марк (50), сепак, продолжува да работи во фудбалот иако не може да го прави тоа со максимален капацитет.

Овермарс, кој е спортски директор на Ројал Антверпен во белгиската лига, за „Het LaatsteNieuws“ го даде своето прво интервју откако го доживеа мозочниот удар.

Морам да земам здив кога зборувам многу, а потребна ми е енергија за да останам фокусиран. Моето срце е 45% мртво. Но, не треба да ме сожалувате. Јас сум среќен човек, само треба да распределам мојата енергија најдобро што можам“, вели Овермарс.

Од неговото доаѓање во Белгија, тимот прилично ги подобр своите перформанси, а го освои Купот на Белгија.

Ако има важни точки или средби на агендата, се фокусирам на нив. Можам да закрепнам следниот ден. Подобро да умрам овде, околу фудбалот, отколку да не правaм ништо“, коментира поранешниот фудбалер за решителноста неопходна да продолжи по здравствена ситуација од ваков тип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.