Нашиот Елиф Елмас ги почна подготовките во дресот на Лајпциг. Тимот е во топлата Шпанија каде ќе остане до стартот на вториот дел од сезоната во Бундес Лигата.

Тренерот Марко Росе за клупскиот сајт зборуваше за вториот дел од сезоната, за новините во неговиот тим и за новото засилување.

Елиф е нашата опција за оваа позиција по нивните заминувања. Нашиот ростер не е широк, но е многу квалитетен. Елиф е сестран играч. Тој може да игра како главен играч од средниот ред, потоа како офанзивен играч за врска па дури и по крилните позиции. Тој е технички надарен, но исто така напорно работи. Лапциг доби големо засилување“, изјави Марко Росе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.