Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да остане во клубот уште една сезона. Тој има намера да ужива во секој момент со тимот.

– Мојот план е да продолжам да ја пишувам историјата на Реал Мадрид, да победувам и да освојувам трофеи. Се надевам дека ова ќе се случи сезонава. Сакам да уживам во секој момент во најдобриот клуб во светот, бидејќи не знам уште колку ќе трае ова, го цитира „ITASportPress“ Модриќ.

Триесет и осумгодишниот Хрват за мадридскиот клуб настапува од 2011 година.

Во тековната сезона Модриќ одигра 15 натпревари на кои постигна еден гол и три асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.