Иако е ретко, во модерниот фудбал може да случи некоја екипа да ги има извршено сите замени, поради што во случај на повреда или црвен картон на голманот, неговото место мора да го заземе некој играч од поле.

Самуел Ето, Алваро Арбелоа или Хари Кејн се дел од фудбалските ѕвезди, коишто барем на еден натпревар застанале на голот на својот тим.

Самуел Ето

Додека насташпуваше за Мајорка, на дуел против Атлетик Билбао, Самуел Ето застана на голот откако беше исклучен Лео Франко на три минути до крајот. Во тој период, Камерунецот беше совладан од Хозеба Ечеберија.

Џон Тери

Тери застана меѓу стативите против Ридинг во 2006 година кога Петер Чех се здоби со тешка повреда на главата поради која подоцна мораше да носи кацига за да игра.

Рио Фердинанд

Во 2008 година за време на натпревар од ФА Купот, англискиот дефанзивец мораше да го брани голот на Манчестер јунајтед. Тој беше немоќен да го сопре Мунтари, кој успеа да го победи.

Алваро Арбелоа

За време на настапот на натпревар на шпанската репрезентација против Јужна Африка во 2013 година, Виктор Валдес мораше да се го напушти натпреварот поради повреда, а на Шпанцитене им остануваа повеќе промени. Поради тоа, десниот бек мораше да го брани голот.Во продолжение на натпреварот, по инсистирање на селекторот Висенте Дел Боске, Шпанија доби четврта измена и во игра влезе Пепе Реина.

Хари Кејн

Тотенхем играше против Астерас Триполис за време на натпревар од Лига Европа, кога Уго Лори беше исклучен од теренот, по што репрезентативниот англиски напаѓач ги облече голманските ракавици.

Кајл Вокер

Бекот на Манчестер сити мораше да ги облече ракавиците во последните 10 минути против Аталанта во натпревар од Лигата на шампионите.

Јан Колер

Високиот чешки напаѓач, мораше да го брани голот на Борусија Дортмунд за време на „Дер Класикер“, дербито на германскиот фудбал против Баерн Минхен. Интересно е што Колер го отвори резултатот на почетокот на натпреварот, пред да застане на голот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.