Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата над Селта со 2:0 во 30. коло на Ла Лига, ја критикуваше состојбата на теренот на стадионот Сантјаго Бернабеу во Мадрид.

„Кралскиот клуб“ сезонава неколкупати ја менуваше тревата, но поради градежните работи за реконструкција на стадионот, постојано има проблеми со квалитетот на теренот.

Мислам дека атмосферата околу нас многу ни помага и ни овозможува да го дадеме максимумот, па дури и повеќе. Затоа мислам дека сите играчи им се благодарни на нашите навивачи кои секогаш ни даваат многу љубов. Има проблем со теренот, се работи на него и се надеваме дека ќе најдат решение. Јасно е дека тековната работа влијае на квалитетот на тревата и тоа не е чудно. Мораме да издржиме. Но, ситуацијата ќе се промени пред натпреварот со Манчестер сити во Лигата на шампионите, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид е на второто место во шпанското првенство со 65 бодови, осум помалку од лидерот Барселона која има и натпревар помалку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.