Полна е арената „Тоше Проевски“ вечерва кога фудбалската репрезентација на Македонија ја пречекува Англија. На Градскиот стадион во еден глас со изведувачката Лина Пејовска, од илјадници грла ечи гордо македонската химна, иако натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место.

Сепак, дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ кој пред два дена доби нов терен, ќе биде шанса избраниците на селекторот Благоја Милевски да го подобрат впечатокот од првиот меѓусебен натпревар кога загубија на гости со 7:0.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.