Срамната кореографија на навивачите на Црвена звезда, познатите „Делии“ го фрли во сенка резултатот на вечното дерби со Партизан.

Црвена звезда со 2-0 го победи Партизан, но во светот одекна големата тифо кореографија која ја направија Делиите.

Тие се поддржувачи на Русија и Владимир Путин, па на цела трибина направија кореографија од гробови на загинати Украинци.

Останува да се види дали ќе има реакција на српските власти, кои се трудат да останат неутрални во војната меѓу Русија и Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.