Селекторот на португалската репрезентација, Фернандо Сантош после синоќешната победа со 3-1 над Турција истакна дека уште потежок меч ги чека „европските Бразилци“ против Македонија на 29. март, во вторник во рамките од Квалификаците за Мундијалот во Катар.
Првиот меч го победивме, сега мора да победиме и на следниот, а тој ќе биде многу комплициран. Финалињата секогаш се комплицирани. Со Македонија ќе биде уште потешко и покомплицирано, рече Сантош.
Инаку, Македонија синоќа ја елеминираше Италија која по вторпат остана без настап на ова континентално натпреварување.
Голот за Македонија во 92. минута го постигна Александар Трајковски, притоа обезбедувајќи на нашата репрезентација уште еден натпревар против Португалија за можен настап на Мундијалот во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.