Саботата вечер беше особено емотивна за Жерар Пике (35), кога легендарниот стопер со неутешно липање се прости од Барселона и од својата играчка кариера на мечот против Алмерија. Од трибините ја имаше поддршката од својата нова девојка, 23-годишната Клара Чија и неговите две деца Саша и Милан, кои ги доби од 12-годишната врска со Шакира.

Неа, очекувано, на трибините ја немаше, зошто во моментот водат жестока правна битка за старателството над децата. Магазинот „Хело“ будно ги следеше активностите на познатата колумбиска пејачка на споменатиот ден. За 45-годишната Шакира ова беше ден како и секој останат, па се држела до секојдневната рутина.

Утрото ги придружувала своите деца на час по таеквондо во друштво на својот брат Тонин, со кој е неразделна и кој исто така има улога на посредник во спорот со славниот фудбалер, пренесува „Хело“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.