ФИФА ја потврди примената на полуавтоматизирана офсајд технологија за СП во Катар а постапката е претставена во четири чекори.

Натпреварите  ќе ги снимаат 12 специјализирани камери кои ќе можат да лоцираат 29 точки на секој играч на теренот 50 пати во секунда.

Сензори во топките со фреквенции од 500 Херци ќе пренесуваат податоци 500 пати во секунда.


Судиите во ВАР просторијата ќе користат технологија за да добијат сигнал за потенцијален офсајд, а потоа официјалните лица ќе ја проверат ситуацијата и евентуално ќе реагираат.

Доколку судиите на теренот или во ВАР-салата потврдат дека е во офсајд, ќе се емитува во 3Д анимација на екраните на стадионот и во директни телевизиски преноси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.