Досегашниот напаѓач на Евертон, Бразилецот Ричарлисон (25), потпиша денеска петгодишен договор со Тотенхем, објави премиерлигашот од северен Лондон.

Финансиските детали од договорот не се објавени, но британските медиуми наведуваат дека Тотенхем платил 50 милиони фунти, плус десет милиони во бонуси.

Ричарлисон во Евертон дојде во 2018 година од Ватфорд за 50 милиони фунти, и за клубот од Ливерпул одигра 152 натпревари на кои постигна 53 голови.

Неговите погодоци во завршницата од изминатата сезона беа клучни Евертон да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.