Саудискиот владетел, кралот Салман, го прогласи утрешниот ден за државен празник во земјата по повод денешната сензационална победа на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија над Аргентина (2-1) на Светското првенство во Катар.

Среда ќе биде неработен за сите вработени во јавниот сектор, а затворени ќе останат и училиштата и факултетите.

Саудиските власти, исто така, соопштија дека влезот во три забавни паркови во земјата утре ќе биде бесплатен за сите.

– Илјадници честитки, јунаци, се огласи на Твитер, саудискиот министер за спорт Абдалазис бин Турки Ал-Фајсал, по триумфот на националниот тим над Аргентина.

Секој саудиски репрезентативец за победата која силно одекна во фудбалскиот свет ќе биде награден со по 1.5 милиони долари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.