Напаѓачот на Манчестер јунајтед, по добивањето на специјалната награда од ФИФА „The Best“, објави дек апланира да игра уште 4-5 години.

– Горд сум што сум најдобар стрелец на сите времиња на меѓународно ниво. Сè уште имам страст да играм и да постигнувам голови. Кога излегувам на теренот, дури и на тренинзите, мотивацијата ми е таму. Имам околу 37 години, но се чувствувам одлично. Планирам да играм уште четири или пет години, изјави Роналдо.

Светската фудбалска асоцијација му оддаде почит на 36-годишниот кој постави нов светски рекорд за меѓународни голови во 2021 година. Сега тој има 115 постигнати голови. Роналдо со 109 гола го надмина поранешниот ирански напаѓач Али Даеи.

Во гласањето за Златната топка – 2021 година, португалскиот напаѓач го зазеде шестото место.

Роналдо оваа сезона настапи на 22 настапи за Манчестер јунајтед, постигнато 14 гола и три асистенции

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.