Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на 2021 година во изборот на ФИФА.

– Горд сум и среќен. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите. Оваа награда е за сите околу мене. Се што се случи минатата година, дека ќе го соборам бундеслигашкиот рекорд по постигнати голови, не се осмелив да сонувам. Да ми кажеше некој за ова пред неколку години, немаше да верувам, изјави Левандовски.

Триесет и тригодишниот Полјак ја освои наградата за најдобар во конкуренција на Лионел Меси (ПСЖ) и Мохамед Салах (Ливерпул).

На продолжениот список се најдоа и Карим Бензема (Реал Мадрид), Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Жоржињо, Нголо Канте (двајцата – Челзи), Килијан Мбапе и Нејмар (двајцата ПСЖ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.