Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго ги сподели своите очекувања за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

 

– Имаат тим кој изгледа застрашувачки. Сити игра многу добро. Но, ние сме уверени дека можеме да ги победиме. Халанд постигнува многу голови. Никој не знае како да го спречи, но се надевам дека нема да постигне гол против нас, изјави Родриго.

 

Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер сити ќе се одигра вечер на „Сантијаго Бернабеу“ со почеток во 21 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.