Реал Мадрид со трофеј ја почна сезоната 2022/23 откако на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки го победи Ајнтрахт Франкфурт со 2:0 во натпревар за Суперкупот на УЕФА.

За актуелниот европски шампион ова е петти трофеј во ова натпреварување, додека Ајнтрахт Франкфурт кој е победник во Лига Европа минатата сезона, на ја искористи својата прва шанса за оваа титула.

Стрелци на головите беа Давид Алаба во 37. минута и Карим Бензема во 65. минута.

Со победата, „кралскиот клуб“ се изедначи со Барселона и Милан кои исто така имаат по пет трофеи во Суперкупот.

Истовремено, шпанскиот фудбалски гигант стигна до 98. пехар во клупската историја, со што, само два трофеја го делат да биде првиот клуб со 100 титули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.