Селекторот на Италија, Роберто Манчини зборуваше за неговите очекувања за сезоната 2022/23 во италијанскиот шампионат.

Фудбалскиот стручњак верува дека Милан, Интер и Јувентус ќе конкурираат за трофејот во Серија А.

Милан имаше тивко лето, но има простор да расте. Леао може да стане уште подобар. Истото важи и за Тонали. Кога сме кај Интер, Лукаку прави голема разлика во Италија. Алесандро Бастони може да стане одличен дефанзивец, но треба да работи за тоа – вели Манчини за „Ла Газета дело спорт“.

Серија А сезоната 2022/23 почнува на 13 август.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.